Во Македонија активни 11 пожари

Во Македонија, според синоќешните информации од Дирекцијата за заштита и спасување, активни се 11 пожари. Нови пожари има во општина Желино, кај селото Ларче и општина Македонски Брод на планината Добра вода. Се уште активни се пожарите во општина Јегуновце на планина Љуботен и кај селото Вратница кон Беловиште. Локализирани се пожарите во општина Студеничани кај селото Рамни Габер, општина Кочани кај селото Полаќи кон Вранинци потоа во Националниот парк „Јасен“, во општина Тетово кај селото Лавце, како и пожарот во општина Сопиште кај селата Патишка река и Дражилово.