Активни 13 пожари во Македонија

Во Македонија, според последните информации од Центарот за управување со кризи, активни се 13 пожари.
Кај Националниот парк „Јасен“ гори сува трева, ниска, мешана и борова шума. Нов активен пожар е појавен на врвот Љуботен. Пожарот е префрлен од косовска страна. Гори сува трева и постои можност да зафати букова шума.
Во утринските часови обновен е пожарот на планината Бистра кај местото „Брзовец“-Лазарополе, национален парк „Маврово“. Реактивиран е пожарот и кај с.Бунец, каде што се зафатени сува трева и смрека.
Пожар има и во општина Македонски Брод, на планината Кожуф, во општина Чашка.
Пожарот на потегот село Полаки и село Костин Дол, општина Кочани, поради ветерот се прошири кон местото „Бочвенец“ во атарот на село Речани.