Киргистан доби нова владејачка коалиција

Џантаро Сатјбалдиев, новито премиер на Киргистан.

Три политички партии во Киргистан потпишаа договор за формирање на нова владејачкa партија. Пратениците од Социјал- демократската партија, од партијата Достоинство и од Татковина денеска потпишаа договор. Заедно партиите имаат 69 места од 120 члениот Парламент. За нов премиер е избран Џантаро Сатјбалдиев. Минатата недела претседателот Алмазбек Атамбаев и даде мандат на Социјал-демократската партија да состави нова коалиција. Претходата владејачка коалиција се распадна откако две парти ја напуштија и побараа смена на премиерот Омурбек Бабанов. Партијата на Бабамов сега е во опозоција.