Дачиќ-интерес на Србија е да учествува на форуми, и покрај учеството на Приштина

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ.

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија треба да учествува на меѓународни собири и покрај тоа што на нив учествуваат претставници од Косово, без оглед на тоа како Косово е претставено.

„Интерес на Србија е да учествува на форуми, бидејќи ако не учествува нема да може да изнесе свои ставови“, изјави Дачиќ.

Владата на Србија вчера усвои инструкција со која е одблокирано учеството на Србија на форуми на кои учествува и Приштина, а која обезбедува асиметрично претставување на косовските институции.

Тој нагласи дека не се работи за отстапка спрема Приштина.
Дачиќ вели дека мора да се одбере тема и да се знае за што се жртвуваат. Според него суштинската борба треба да биде за правата на Србите на север во Косово, „а не за борба за ѕвездички и фусноти“.