Во бомбардирање врз Алепо, 18 загинати

Во денешното бомбардирање врз едно предградие во сиријскиот град Алепо загинале најмалку 18 луѓе, соопшти опозициската сиријска опсерваторија за човекови права. Во Сирија веќе шест недели се водат борби околу Алепо кое е засолниште на бунтовниците против режимот на претседателот Башар ал Асад. Од почетокот на бунтот во март лани досега загинале над 26 илјади луѓе.