Во Русија Ден на жртвите на тероризмот

Беслан

Денеска во Русија се одбележува Денот на солидарноста со жртвите во терористички напади. На денешен ден пред 8 години повеќе од 330 луѓе, повеќето деца, беа убиени откако руските безбедносни сили упаднаа во училиштето за да ослободат илјада заложници кои беа држени од чеченски сепаратисти во Беслан, Северна Осетија.