Mинистерот Попоски на форум во Блед

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски учествува на стратегискиот форум, што се одржува во Блед, Словенија. Тој ќе има обраќање на тема „ЕУ, предизвици во Југоисточна Европа, еврокризата и привлечната моќ на ЕУ“, а на маргините, на собирот е предвидено да има и повеќе билатерални средби, меѓу кои со неговите колеги од Црна Гора, Словенија, Словачка и Косово, како и со претставници од повеќе меѓународни институции.