Израелската полиција евакуира жители на Западниот брег

Изградбата на населби на Западниот брег

Израелските власти ги евакуираа неовластените доселеници на Западниот брег согласно со крајниот рок кој го постави највисокиот суд во земјата и кој истекува утре. Полицијата морала да интервенира кај неколку млади лица кои не сакале да го напуштат Мигрон, но повеќето од жителите си отишле доброволно.
Полицијата поставила и блокади на патот во регионот за да ги спречат радикалните активисти да предизвикаат судири со безбедносните сили.