Романскиот премиер нема да оди на самитите на ЕУ

Романскиот премиер Виктор Понта.

Романскиот премиер Виктор Понта изјави дека веќе нема да оди на средбите на високо ниво на ЕУ во Брисел.
Понта објасни дека ќе го замоли претседателот Трајан Басеску да ја претставува Романија. Тој рече дека тие двајцата ќе соработуваат само за прашања како што се приклучувањето на Романија кон Шенген зоната или решавање на проблемите поврзани со европските фондови.
Во јуни годинава премиерот Виктор Понта ја оспори праксата Романија да биде претставувана во Брисел од шефот на државата и затоа преку владината коалиција во парламентот истурка декларација, согласно која тој треба да ја претставува земјата на самитите во Брисел.
Уставниот суд на Романија беше повикан да одлучи во врска со овој спор и тој одлучи дека претседателот, а не премиерот треба да ја претставува земјата на средбите на високо ниво на ЕУ.