СДСМ во Кавадарци ќе промовиран кандидат за градоначалник

СДСМ вечерава во Кавадарци ќе го промовира кандидатот за градоначалник Бетиан Китев. Тој денеска изјави дека ако биде избран ќе работи посветено и интензивно за да го реализира ветеното и да им го подобри животот на своите сограѓани. Вечерва во градот ќе се одржи митинг на градскиот плоштад, под мото „Крени глас за иднината“.
Потпретседателот на СДСМ Гордан Георгиев изјави дека за нова енергија на овој град, кој навистина живее во сиромаштија, предложиле млад човек, ентузијаст, кој има искуство како советник во општина Кавадарци.