Ерменија не сака војна, но е подготвена за се бори со Азербејџан

Ерменскиот претседател Серж Саркисијан.

Ерменскиот претседател Серж Саркисијан изјави дека неговата земја е подготвена да „се бори и да победи“ во секоја војна иницирана од нивниот сосед и противник Азербејџан.
Саркисијан вели дека Ерменија не сака војна, но не се исклучува можноста дека Баку ќе „наметне“ таков конфликт. Изјавата на Саркисијан се совпаѓа со прославата на независноста на Нагорно Карабах, област за која Ерменија и Азербејџан водат три децении спор.