Најмалку 15 жртви во експлозија во Дамаск

Најмалку 15 луѓе загинале во експлозија на автомобил бомба недалеку од палестински бегалски камп во предградие на Дамаск, пренесе сириската новинска агенција САНА.
Експлозијата причинила и голема матријална штета на зградите во таа област. За нападот е обвинета „вооружена терористичка група“, израз кој сириските власти и државните медиуми го користат за бунтовниците од Слободната Армија на Сирија, кои се борат за соборување на претседателот Башар ал Асад.