На Косово веќе не важат српски возачки дозволи

За граѓаните со постојано место на живеење во Косово, од 1 септември престана важењето на возачките дозволи издадедни од страна на српското Министертво за внатрешни работи, јави дописникот на МИА.
Косовскиот министер за внатрешни работи, Бајрам Реџепи изјави дека граѓаните кои имаат вакви возачки дозволи повеќе нема да можат да ги користат при управувањето на своите возила низ Косово, а возачките дозволи издадени од Србија за граѓаните кои живеат таму, ќе важат, но истите ќе мораат да платат осигурување при влез во Косово.
Сите што не ги замениле своите документи, при средбата со полицијата ќе бидат третирани исто како да немаат возачка, а оваа одлука, за престанокот на важност на дозволите издадени од српската полиција, беше донесена на крајот на минатата година.