Десет пожари активни во Македонија

Дирекцијата за заштита и спасување соопшти дека десет пожари се активни низ Македонија до 11 :30 часот .

Според најновите информации од терен, активни се пожарите во село Волче, место викано Црквица на падините на Сува Гора (општина Македонски Брод), кај селата Костин Дол и Полаќи кон Вранинци (општина Кочани), кај селото Горно Јаболчиште во место викано Кривул, кај селата Дуње и Горно Јаболчиште, селото Ораше на место викано Орашка Чука и кај селото Богомила (општина Чашка), кај селото Радуч на планината Јабланица (општина Струга), кај селата Добровени и Совиќ (општина Новаци) и помеѓу селата Коњско и Хума на место викано Оков Рид (општина Гевгелија), каде пожарот е активен, но е под контрола.

Пожарот кај струшкото село Радуч на планината Јабланица се шири кон страната на општина Дебар. Пожарот е избувнат на надморска височина од 1.800 метри на непристапен терен.

Пожарот во Националниот парк „Јасен“ кој се појави на 20 август е се уште активен. Зафатена е мешана шума и во неговото гаснење се ангажирани 55 лица од Дирекцијата за заштита и спасување, шест лица од Територијалната противпожарна единица и 10 лица од јавни претпријатија.

Активен е и пожарот во општина Јегуновце кај селото Вратница кон Беловиште со кој е зафатена високостеблеста шума и бука на напристапен терен.