Рекордни 18 милиони невработени во еврозоната

Мадрид, јули 2012.

Новите статистички податоци покажуваат дека невработеноста во 17 членки на еврозоната во јули достигна рекордно ниво, 18 милиони невработени или за 2 милиона повеќе од истиот месец лани. Еуростат прецизира дека само во јули без работа останале уште 88 илјади луѓе, со што стапката на невработеност во еврозоната е 11,3 проценти, највисока од креирањето на еврото во 1999 година. Најголема невработеност има во Шпанија, над 25 насто. Бројот на невработените во Европската унија е 25 милиони, а стапката изнесува 10,4 проценти.