ЦИА - нема процес за смртта на затворениците

Американските власти одбија да покренат случај за смртта на две лица испитувани од ЦИА во тајни затвори во странски земји.
Главниот обвинител Ерик Холдер изјави дека тоа е напревено поради недостиг на докази. Холдер во 2009 нареди да се истражува можна тортура во таканеречени „црни места“ водени од Централната Информативна Агенција.
За двете починати лица се смета дека се авганистанец и ирачанец. Директорот на ЦИА Дејвид Петреус со порака до вработените се заблагодари на соработката со истрагата.