Пораката „Ослободете ги Пуси Рајот“ е погрешна трага

Руската истрага за убиството на двете жени во Казан покажа дека осомничениот Игор Данилевски се обидел да ја наведе полицијата на погрешна трага со ставањето порака за панк групата Пуси Рајот чии членки се во затвор. Во просторијата каде се најдени телата на двете жени, мајка и ќерка, имало порака „Ослободете ги Пуси Рајот“.
Членките на групата се осудени за „хулиганство од верска омраза“.