Ромни и се обрати на американската јавност

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни

Мит Ромни формално ја прифати номинацијата на Републиканската партија да се кандидира на американските претседателски избори во ноември против Барак Обама. Во својот говор на националната конвенција на Републиканската партија во Тампа, Ромни, изјави дека Обама не успеал да ги исполни неговите ветување за надеж и промени. Ромни се пофали како најдобра надеж да ја подобри американската економија и да ги исполни ветувањата на Америка. Републиканецот истакна декса бил возбуден околу ветувањата на Обама од неговата кампања пред четири години ", но дека денеска е разочаран. Говорот на Ромни го следеле десетици милиони телевизиски гледачи кои веќе имаат првичен впечаток за поранешниот гувернер на Масачусетс.