Уапсен лидерот на Лашкар-е-Џангви

Полицијата во Пакистан соопшти дека лидерот на забранета сунитска екстремистичка група Лашкар-е-Џангви, е уапсен. Малик Ишак е обвинет за поттикнување на секташка омраза и организирање на нападот на крикет тимот на Шри Ланка во 2009 година. Полицијата објави дека Ишак бил уапсен во источниот град Лахоре по враќањето од аџилак во Саудиска Арабија. Лашкар-е-Џангви се смета како најопасна од сите пакистански сунитски екстремистички групи, а нејзиното дејствување беше забрането повеќе од една деценија од страна на поранешниот претседател Первез Мушараф. Групата која наводно има врски со Ал Каеда е обвинета за убиство на стотици шиитски муслимани во почетокот на 1990-тите.