Луизијана нареди евакуација на населението

Властите во сојузната држава Луизијана на југот на САД наредија евакуација на населението, поради опасноста од поплави. Браната на Мисисипи не можела да ги издржи надојдените води од тропската бура Ајзак, и затоа е издадено предупредувањето. Над 60 илјади луѓе треба итно да се евакуираат. Браната е околу 160 километри северно од Њу Орлеанс и затоа градот не е во опасност. Гувернерот на Луизијана Боби Џиндл нареди жителите да бидат евакуирани со автобуси поради зголемувањето на водите на реката. Силината на Ајзак се намали и брзината на ветрот е до 72 километри на час. Метеоролозите очекуваат до крајот на денот Ајзак дополнително да ослабне.