Мисијата на ОН во Либан продолжена за уште 12 месеци

Италијански војници дел од мировниците на ОН во Либан.

Советот за безбедност денеска едногласно изгласа да се продолжи мисијата на ОН во Либан за уште 12 месеци. Советот гласаше по барање на генералниот секретар Бан Ки Мун и либанскиот министер за надворешни работи. ОН има мировни сили во Либан од 1978 година по првата израелската инвазија на Либан, кога мировните сили требаше да го мониторираат израелското повлекување од земјата. Но мировните сили остана во земјата како резултат на континуираните инциденти долж либанско- израелската граница.