Папандреу- Грција може без кредити за спас

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу.

Поранешниот грчки премиер Јоргос Папандреу изјави денеска дека неговата држава може да избегне побарување кредити за спас.
Папандреу на отворањето на редовната Меѓународна социјалистичка конференција, порача дека постојат средства тешки 21 милијарди долари скриени во даночни рај-држави ширум светот.

Без разлика дали се работи за развиени или држави во развој, нашите граѓани се тие кои се ограбени, рече Папандреу. Додаде дека „овој чист грабеж“ им ускратува на владите можност да инвестираат во области како што се социјалното осигурување и образование.

„Знам дека Грција страда поради тоа. Ако тој проблем е решен, на Грција веројатно никогаш не би и биле потребно кредити за спас“, изјавил поранешниот грчки премиер.

Сепак, и покрај моите молби како премиер, Европа, Г-8, Г-20, и банкарскиот сектор не направи ништо тоа да се промени, додаде тој.