Сириските бунтовници собориле борбен авион

Сириските бунтовници тврдат дека собориле еден борбен авион на сирискиот режим, во северозападната провинција Идлиб во близина на турската граница. Од бунтовничка група „Бригада на сириските маченици“, велат дека авионот бил срушен во близина на градот Ал-Tајабија. Засега нема коментар на тврдењето од страна на владата. На телевизијата Ал Арабија се прикажуваат и аматерски видео снимки на кои се гледа како двајца пилоти со падобран се катапултираат од авион. Од Слободната сириска Армија сооштуваат дека бунтовниците со автоматско оружје го собориле авионот кусо по полетувањето од воениот аеродром во покраината. Бунтовниците велат дека ги заробиле пилотите на авионот.