Самарас - најновиот пакет мерки е последен

Грчкиот премиер Андонис Самарас.

Грчкиот премиер Андонис Самарас ја уверува грчката јавност дека најновиот пакет мерки за штедење ќе биде и последниот, бидејќи „општеството не може повеќе да издржи“, соопштуваат грчките медиуми. Грција во следните две години треба за заштеди 11, 5 милијарди евра,
Буџетските кратења тој ги оцени како „тешки“, но „неизбежни“ и дополни дека без нив „Грција повторно би се вратила на нулта позиција во однос на довербата кон неа и де факто би излегла од еврозоната, што според него ќе е неспоредливо поболно за сите и катастрофално за земјата“.

Самарас потврди дека намерата на неговата влада е да ги почитува договорите постигнати досега со меѓународните кредитори, и појасни дека против „лобито на драхмата“ веќе се создава „лоби на сојузници на Грција“.