Туркменистан ќе одржи воен маневар на Каспиското Море

Туркменистанскиот брег на Касписко Море.

Туркменистан соопшти дека планира да одржи прв воен маневар на Каспиското Море. Министерот за одбрана соопшти дека претседателот Гурбангули Бердимухамедов рекол оти туркменистанската морнарица е подготвена да одржи вежби на почетокот на септември. Ваквите планови се обелоденија по спорот на Туркменистан со Азербејџан кој исто така излегува на Касписко Море. Во јуни, двете страни меѓусебно се обвинија за провокации и ветија дека ќе ги бранат своите права врз нафтеното поле кое за Баку е Капаз, а за Ашгабат, Сердар. Експертите проценуваат дека регионот може да содржи 50 милиони тони нафта.