САД и ЕУ разочарани од одбивањето на жалбата на Тимошенко

Поранешната украинска премиерка Јулија Тимошенко.

САД и Европската унија изразија разочарување oд одлуката на Судот во Украина да ја одбие жалбата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Таа е осудена на 7 години затвор поради злоупотреба на функцијата. Врховниот суд во Киев вчера одлучи да ја отфрли нејзината жалба.

Портпаролката на американскиот Стејт департмент Викторија Нуланд ја повтори американската загриженост за „политички мотивираните“ случаи во Украина. Мајкл Ман, портпарол на шефот за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, ги повика украинските власти на решавање на последиците од селективната правда.

Тимошенко тврди дека е жртва на политичка одмазда од страна на претседателот Виктор Јанукович, кој ја порази на претседателските избори во 2010 година.