Американски напад врз милитанти во Јемен

Архивска фотографија: Милитант во Јемен.

Пет исламски милитанти се убиени во напад врз нивното возило во југоисточен Јемен, соопштија локалните официјални лица. Тие велат дека американските сили извршиле напад со беспилотни летала во областа Ал Кар во источната провинција Хадрамат. Соединетите Држави, стравувајќи од ширењето на тероризам во Јемен, ги засилија нападите од беспилотни летала оваа година. Ал Каеда со седиште во Јемен, спроведува операции во соседната Саудиска Арабија.