Пад на приходите од туризам и извоз на нафта во Сирија

Сирија.

Приходите од туризам во Сиријa паднале за 75, 4 проценти во однос пред почетокот на конфликтот во земјата, соопштуваат од канцеларијата на сирискиот премиер. Приходите од туризам во првото тромесечие од 2012 изнесувале 178 милиони долари во однос на една милијарда долари во истиот период минатата година. Во 2010 приходите од туризам претставуваа 12 проценти од БДП-то. Во тој сектор беа вработени 11 проценти од работоспособното население. Освен пад на приходите од туризам, има пад и на приходите од извоз на нафта и тоа за 44, 4 проценти. Се бележи пад и на инвестиците во земјата за 85, 7 проценти.