ВМРО- ДПМНЕ реагира на барањето за смена на претседателот на Регулаторна

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на изјавата на Игор Ивановски од СДСМ, кој најави интерпелација за претседателот на Регулаторната комисија, истакнува дека цената на нафтените деривати е директно поврзана со цената на енергенсите на светските пазари.

„Лага е дека цените на енергенсите зависат од ВМРО-ДПМНЕ. Регулирањето на нивната вредност не го прави Владата, туку независна комисија која ги следи ценовните вредности на светските берзи. Цената на нафтените деривати е директно поврзана со цената на енергенсите на светскиот пазар која драстично се зголемува. Македонија веќе 20 години опстојува во отворена економија и никако не може да биде исклучок од овој процес и да биде имуна на светските трендови“, се вели во реакцијата.