Груевски на средба со иселениците во Канада

Средба на премиерот Никола Груевски со македонските иселеници во Торонто.

Сакаме да направиме силна држава, да се заврши приказната со македонското прашање и да се запечати нашата националност, јазик и идентитет. Да направиме посилна економска држава, да донесеме повеќе странски инвеститори и да ги орахбриме и помогнеме домашните инвеститори, изјавил премиерот Никола Груевски на средбата со македонските иселеници во Торонто.
Владината делегација во Торонто се сретнала и со македонските бизнисмени пред кои биле презентирани можностите за соработка.