Во Јужен Вазиристан загинаа 9 пакистански војници

Најмалку 9 пакистански војници се убиени во напад на талибански милитанти во Јужен Вазиристан, племенската погранична област со Авганистан.
Радио Слободна Европа – Радио Машал јави дека борбите меѓу безбедносните сили и борците на Техреек е Талибан избувнале во подрачјето Бадар.
Според други извештаи, талибанците нападнале армиски камп. Според официјални извори, загинале 9 војници и 8 талибанци.