Потврдена смртната казна за напаѓачот во Мумбаи

Напад врз Хотелот кај Таџ Махал во Мумбаи - 2008

Индискиот Врховен Суд ја потврди смртната казна за преживеаниот напаѓач во Мумбаи во 2008 кога група од 10 вооружени лица извршија напади и убија 160 луѓе. Пакистанецот Мохамед Аџмал Амир Касаб е осуден на смрт за убиство, за тероризам и за водење војна во Индија во 2010.
Тој смета дека не добил фер судски процес и сега има право на жалба до претседателот на Индија. Индија за овие напади ја обвини пакистанската милитантна група Лашкар е Таиба.
Пакистанските власти призаа дека нападите биле делумно планирани на нивна територија.