Параолимпијадата и официјално стартува во Лондон

Британската кралица Елизабета денеска официјално ќе ги отвори летните Пара-олимписки игри во Лондон.
На Параолимпијадата учествуваат 4200 спортисти од 166 земји. Тие се натпреваруваат во 20 спортски дисциплини, а ќе завршат на 9 септември.
Првите игри за лица со физички ограничувања се одржаа во 1960 во Рим но за „духовен дом“ се смета Англија каде за прв пат се органзираа натпревари во 1948 година.