Бан Ки Мун на самитот на неврзаните во Техеран

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун за време на посетата на Техеран, на иранските лидери ќе им нагласи дека треба да преземат итна акција во врска со нуклеарната програма на земјата и човековите права. Ова го изјави портпаролот на ОН Фархан Хак пред патувањето на Бан за Техеран, каде што ќе учествува на самитот на неврзаните земји. Предвидено е генералниот секретар да се сретне и со иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи и со претседателот Махмуд Ахмадинеџад.
САД и Израел сметаат дека Бан не требало да оди во Иран.