Обама предупреди за поплави од бурата Исак

Американскиот претседател Барак Обама ги предупреди жителите на Мексиканскиот Залив дека постои ризик од големи поплави од тропската бура Исак и ги охрабри луѓето да се евакуираат. Тој рече дека предупредувањето на властите треба да се сфати сериозно и да не се игнорира. Вонредна состојба е прогласена во Луизијана, Мисисипи, Алабама и Флорида. Исак ќе го погоди и Њу Орлеанс кој пред седум години беше уништен од ураганот Катрина. Обама ја критикуваше администрацијата на Буш за справвуањето со катастрофата, во која загинаа 1.800 луѓе.