Пирати киднапирале грчки брод со 24 морнари

Вооружени пирати нападнале танкер во грчка сопственост во близина на брегот на Того и киднапирале 24 морнари. Од Меѓународното поморско биро соопштуваат дека бродот бил киднапиран во близина на главниот град на Того, Ломе. Пред да го зазедат бородот, имало престрелкa меѓу пиратите и екипажот.
Насилствата од страна на пирати во Западна Африка драстично се зголеми во последните години.