Таксист превезувал мигранти од Пакистан

Имигранти од Авганистан, кои живееa во македонското село Лојане, кај Куманово.

Полицијата открила четворица нелегални мигранти од Пакистан во такси возило, кое од Гевгелија требало да ги префрли Пакистанците во Скопје. За таа услуга сите му платиле по 100 евра на таксистот. Полицијата поднела кривична пријава против таксистот, а мигрантите се пренесени во Прифатниот центар за странци во Скопје, за понатамошна постапка.