САД: Конвенција на Републиканската партија

Републиканската национална конвенција на која Мит Ромни и официјално ќе биде номиниран за противкандидат на американскиот претседател Барак Обама на изборите во ноември, сиоќа симболично беше отворена во Тампа. Конвенцијата е одложена, бидејќи на Флорида, како и во некои други американски држави е прогласена вонредна состојба поради тропската бура „Ајзак“. Собирот на републиканците ќе продолжи утре за кога се очекува да зборува кандидатот за потпретседател Пол Рајан, а ден потоа и Мит Ромни. Во текот на десетминутното отворање републиканците открија таканаречен „должнички часовник“ кој покажува колку владата се задолжува за времетраењето на конвенцијата.