Колумбиската влада разговара со бунтовниците

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос изјави дека неговата влада одржува прелиминарни разговори со најголемата бунтовничка група во земјата, Револуционарните вооружени сили на Колумбија, позната како ФАРК. Тој не даде детали за разговорите, додека агенциите јавуваат дека двете страни вчера на Куба потпишале прелиминарен договор.