Прогласена вонредна состојба во Луизијана

Американскиот претседател Барак Обама прогласи вонредна состојба во сојузната држава Луизијана додека заливските сојузни држави се подготвуваат за тропската бура Исак. Обама го информирал гувернерот на Луизијана дека се превземаат активности за обезбедување на државни пари со цел засилување на подготовките за временската непогода. Шефот на државата дополнителни побарал од Федералната агенција за справување со катастрофи да организира активности за справување со невремето.