Судот в среда ќе се произнесе за жалбата на Тимошенко

Украинскиот суд в среда треба да се произнесе по жалбата на поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Таа е осудена на седум години казна затвор за злоупотреба на службената должност. Тимошенко тврди дека е жртва на политичка одмазда од страна на претседателот Виктор Јанукович, кој тесно ја победи на претседателските избори во февруари 2010 година. Против Тимошенко на 11 септември ќе продолжи посебен судски процес, таа овојпат е обвинета за проневера на пари и затајување данок