Кацин - Белград до крајот на годината нема да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин.

Известувачот на Европскиот парламент за Србија Јелко Кацин денеска во Нови Сад изјави дека Србија до крајот на годината со сигурност нема да добие датум за почеток на преговорите со Европската унија.
По состанокот со претседателот на Парламентот на Војводина Иштван Пастор, Кацин изјави дека до почетокот на преговорите Србија треба да покаже јасни резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Кацин истакна дека добар дел од неколкудневната посета на Србија ќе посвети на посета на претпријатија, во кои се забележани злоупотреби од страна на државата при приватизацијата и рекетирање на успешните.