Напади во Ирак, најмалку тројца жртви

Во неколку напади во Ирак, загинале еден бригаден генерал и двајца цивили, а повредени се шест луѓе велат ирачките власти. Армискиот генерал бил убиен од страна на неколку вооружени луѓе во сунитскиот град Таџи, северно од Багдад. Во Мосул во експлозија на бомба наменета за полициска патрола загинал еден човек, а неколку се повредени. Во експлозија на бомба во градот Хадита убиен е еден цивил, а најмалку тројца војници се повредени. Насилство значително се намали во Ирак, но се уште има напади низ целата земја.