Паѓа деловната доверба во ЕУ

Деловната доверба во Европската унија падна на најниско ниво во последните 2,5 години, поради постојаната загриженост од должничката криза во Грција и во другите земји од еврозоната, покажува анкетата на германскиот економски институт „ИФО“. Според нивната анализа индексот на бизнис климата паднал на 102, 3 насто, а во април изнесуваше 103,2. Ова е четврт месец по ред како паѓа индексот на бизнис довербата. Според тоа бизнис довербата во Германија е на најниско ниво од март 2010 година. Индексот се базира на предвидувањата за германските компании во наредните шест месеци. Германската економија бележи раст за 0,3 насто во вториот квартал, а невработеноста останува ниска, но бизнис и политички лидери и понатаму се загрижени за економијата на ЕУ поради должничката криза.