Ставрески - Денарот е стабилен

Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Нема ниту една причина за промена на курсот на денарот, тој е и натаму најдобра валута за штедење и ќе остане стабилен се додека ВМРО-ДПМНЕ ја води економската политика во Македонија, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Тој ги отфрли како шпекулации и лаги пласираните информации на некои портали и социјални мрежи дека ќе има девалвација на денарот.

Според него, најголем гарант за стабилноста на денарот се девизните резерви кои се на историски највисоко ниво, како и ниското ниво на буџетски дефицит, стабилниот банкарски систем и добраат координација на монетарната и фискалната политика.