"Аман" бара подршка од Синдикатите

Од протестите на Аман

Граѓанската иницијатива „Аман“ му забележува на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) дека не ги штити правата на работниците и побара да ги подрржи нивните барања за намалување на цените на струјата, парното и горивата, како и протестите што утре повторно ќе ги организираат во Скопје и други градови низ Македонија.

Од Граѓанската иницијатива ги повторија нивните барања да се укине ставката за ангажирана моќност од 33 отсто во сметката за електрична енергија, да се врати евтината дневна тарифа на струјата, да се запре понатамошната приватизација и докапитализација на енергетскиот сектор во државна сопственост, да се вложува во гасификација и обновливи извори на енергија, итно да се повлече новиот правилник на АД „Топлификација“ кој, според нив, е неуставен и да се намали цената на горивата во согласност со стандардот.