Пронајдени 17 обезглавени тела во Хелманд

Официјални претставници во Авганистан соопштија денеска дека во провинцијата Хелманд пронашле обезглавени тела на 17 лица, меѓу нив и на две жени. Портпаролот на локалната администрација во Хелманд, Даут Ахмади, изјави дека кој е одговорен за егзекуцијата. Талибанските бунтовници ги убиваат оние авганистанци за кои сметаат дека соработуваат со авганистанските или американските сили. Исто така во Хелманд 10-мина авганистански војници биле убиени во напад на еден контролен пункт, а 5-мина војници изчезнале, но не е јасно дали биле киднапирани или доброволно си заминале со напаѓачите. Во Меѓувреме, НАТО соопшти дека во провинцијата Лагман, лице во авганистанска воена униформа убило двајца НАТО војници.