Пожарот во рафинеријата во Венецуела се уште активен

Пожарот што избувна во саботата по експлозијата во рафинеријата во Венецуела и понатаму е активен. Најмалку 40 луѓе загинаа, а десетици се повредени при експлозијата на една од најголемите рафинерии во светот. Локалните власти соопштија дека нема опасност од недостиг на бензин и нафта затоа што во државата има доволно резерви за да се надоплини недостатокот кој се појави по експлозијата.
Претседателот Хуго Чавез прогласи три дена на жалост.