Израел и Јордан не дозволија влез на пропалестински активисти

Израелските и Јорданските власти им забранија на 100-тина пропалестински активисти да влезат во Западниот Залив. Францускиот организатор на активистите Оливија Земор, изјави дека еден автобус со активисти добил дозвола да помине од јорданските граничари, но Ираелците го вратиле назад. Додека пак на вториот автобус веќе во Јордан му било забрането да преминува граница, на барање на Израел.
Активистите тврдат дека им носат еден тон школска опрема и облека на децата во камповите во Вителеем, Израелците пак тврдат дека активистите се всушност провокатори кои сакаат да направат проблеми во земјата.