Во Македонија активни четири пожари

Илустрација.

Во Македонија се активни четири пожари, во атарот на село Вражале, општина Зелениково, во село Добровени, општина Новаци, во село Црешнево, општина Македонски Брод и во село Вратница, општина Јегуновце.
Пожарите кај селото Јаболце, општина Сопиште, во Гошинце и во Националниот парк „Маврово“ на Бистра, се ставени под контрола.
Според Центарот за управување со кризи, гаснењето на пожарот во Вражале е отежнато поради конфигурацијата на теренот. На терен се 30 вработени на Шумското стопанство „Караџица“ и месното население. Во текот на денот дејствувал и авион на Дирекцијата за заштита и спасување. Се очекува пожарот да биде локализиран.
Поради непристапен карпест терен отежнато е и гаснењето на пожарот кај Црешнево кој засега е активен во атарот на село Белица, на местото „Северот“.
Пожарот над село Вратница во Јегуновце зафати букова и мал дел чамова шума, а гаснењето е отежнато поради тешко пристапниот терен каде од утринските часови се наоѓаат екипа од Шумското стопанство „Лешница“ - Тетово и месното население. Дејствувал и авион на Дирекцијата за заштита и спасување